Гути сурово искрен за Модриќ

Легендарниот фудбалер на Реал Мадрид сега во улога на стручен коментатор во емисијата „Ел Чирингито“ даде мислење за ситуацијата на 39-годишниот Лука Модриќ во клубот.

„Мислам дека Анчелоти одлично ја управува ситуацијата. Модриќ е оној кој не ја управува добро работава. Тој треба да сфати дека годините поминуваат и дека не може веќе да игра на секој меч. Физичката подготвеност веќе не е иста. Тој сè уште може да биде корисен за Реал и ако остане, но мора да ја сфати својата нова улога. Може да игра пола натпревари или да биде резерва на клупа“.

 

27 февруари 2024 - 14:08