„Striscia la notizia“ оди на Медиасет 5, еден од приватните канали на Берлускони и од разно разни сцени знаат да направат комедија, без разлика дали е темата спорт, музика или политика. Плус прават и пародија од дневните вести.
Во последното едночасовно шоу, направиле два штоса од мечот Интер - Џенова и двата од клупата на гостите. Прво даваат во кадар еден лик и велат еве го Балардини, за потоа да го дадат вистинскиот Балардини со кој ептен личат.
Следниот кадар е живи комедии со Гочето.
И кога сме на тема Горан Пандев, пазете го ова. Го ставиле на пакетчињата на Панини. Каква чест за нашиот капитен, но и промоција за македонската фудбалска репрезентација. Wow. Па ова е Оnce in a lifetime и за него и за Македонија.
Абе кој е на насловната на пакетчето, абе кој? pic.twitter.com/27IIObeOS8
— Sport Life (@SportLifeBet) March 3, 2021
Понекогаш изгледа и не сме свесни колкава популарност има овој човек кој од 2001-ва игра во Италија.