Гол во 89-та минута за лудница во Билбао, срушен е Реал

По голема и жестока борба на секогаш жешкиот „Сан Мамеш“ во Билбао, домашниот Атлетик со гол во самиот финиш го совлада Реал Мадрид 1:0 и се пласираше во полуфиналето на Кралскиот Куп. На овој начин Баскијците им се омаздија на „кралевите“ за поразот во финалето на Суперкупот пред еден месец во Саудиска Арабија.

Ова беше прв триумф на Атлетик над Реал после три последователни порази.

Интересно, откако во претходната рунда ја урнаа Барселона а сега и Реал Мадрид па ќе играат во полуфинале на Копа дел Реј, фудбалерите на Атлетик Билбао добија голема чест од тренерот Марселино кој реши со помошниците од стручен штаб да им направи кралски шпалир додека излегуваа од терен:

Реал Мадрид од 2014-та година нема играно во финалето на Кралскиот Куп. Во сезоната 2013/2014 Реал изгуби во финалето од Барса 2:1 и од тогаш се нема борено за вредниот трофеј од Копа дел Реј.  Во сезоната 2019/2020 ни Барса ни Реал не стигнаа до финалето, трофејот тогаш го освои Реал Сосиедад со победа од 1:0 во финалето против најголемиот ривал Атлетик Билбао. Баскијците и минатата сезона стигнаа до финалето каде убедливо изгубија 4:0 од Барселона.

Најдобриот играч на Атлетик Билбао, лидерот Ињаки Вилијамс не можеше да ги скрие емоциите по големата победа над големиот ривал:

Опасен напад со шишиња врз фудбалерите на Реал

4 февруари 2022 - 09:22