Голот што падна за 9 секунди по изведување од центар

Феенорд и Олимпик Марсеј одиграа блесав меч од полуфиналето на Лига Конференции каде се уште и Лестер и Рома. Холандскиот состав поведе рано на 2:0, Марсеј се врати брзо за 2:2 и така заврши првиот дел. Само што почна вториот, тргнуваат Французите од центар, Хрватот Чалета-Цар прави невиден кикс и следи студен туш.

Ова е водено и најбрзиот гол во второ полувреме во историјата на еврокуповите откако се води статистика за Лига на шампиони, Европа Лига и Лига Конференции.

Го постигна 27-годишниот Нигериец роден во Белгија, Сирил Десерс:

29 април 2022 - 14:18