Голот на колото во Италија - дело на гаучос

Матео Ретеги е интересен центарфор. Има 24 години. Роден е во Аргентина но има италијански корени. Почнал да игра фудбал како мал во Ривер и Бока, па после бил позајмуван во Естудијантес, Таљерес и Тигрес. После неколку интересни голови во Аргентина италијанскиот печат се заинтересира за него и набрзо тој доби повик од поранешниот селектор Роберто Манчини. Веќе има 4 настапи и 2 гола за Италија. Од 2023-та е во Џенова а сезонава постигна 6 гола и 2 асистенции на 19 меча.

Викендов Џенова, која од клупата сосема добро ја предводи човекот кој тргна во тренерски води Алберто Џилардино, со 2:0 го совлада Удинезе. Првиот гол на мечот беше еврогол на Матео Ретеги:

26 февруари 2024 - 10:48