Големо признание за Бојан Миовски: во тимот на сезоната во Шкотска

Во изборот од фудбалери, оној избор кој се смета за најреален и најголема чест е кога колегите ќе ти признаат дека си бил меѓу најдобрите, Бојан Миовски е во тимот на сезоната во шкотската Премиер лига.

Во неделата Абердин и Селтик одиграа лудо полуфинале на шкотски Куп. Бојан Миовски повторно постигна гол против најтрофејниот шкотски гигант, го отвори резултатот, а мечот на крај заврши 3:3 па се изведуваа пенали каде Селтик победи 5:6 и ќе игра во финале против Ренџерс.

Во првите 11 доминантни се фудбалери на најголемите шкотски клубови Ренџерс и Селтик.

24-годишниот Штипјанец на свое конто сезонава има 48 натпревари, 24 гола и 4 асистенции во сите натпреварувања. Бојан Миовски со 14 гола е трет стрелец во шкотската Премиер лига. Прв стрелец е шпицот на Хартс Лоренс Шанкланд а втор искусниот Џејмс Таверние од Ренџерс кој има 17 погодоци.

Нов прекрасен гол на Бојан Миовски против Селтик

23 април 2024 - 12:45