
Со конкуренцијата во нашата група, за очекување беше Германија да заврши прва и да осигура директен пласман во Катар следниот ноември 2022-ра.
На 1 август селекторот Ханси Флик и официјално седна на клупата на Германија. На 2 септември дебитираше со победа од 0-2 против Лихтенштајн и од тогаш до сега оствари вкупно 5 победи со гол разлика 18:1. Таков учинок рекорден од старт имал само Јоги Лев.
Карлхајнц Вилд, уредникот на реномираниот Кикер вели дека пласманот пред време на Светско е прилика да се продолжи по патот кој го избрале зошто големите предизвици допрва им доаѓаат.
„Првиот чекор е направен: репрезентацијата на Германија за нешто повеќе од година дена ќе игра на Светско првенство во Катар. Со тоа ја исполни минималмата задача, зошто мораше да се потврди во групата со шест селекции од втора класа: ниеден противник во групата Ј не е ни меѓу првите 40 селекции на ФИФА ранг листата. Затоа овој пласман на Светско првенство е логичен.
Со седум победи и само едно лизгање, домашниот пораз од 1:2 против Македонија на крајот на март, како и гол разлика 18:1 на Германија, ги потврди статистичките очекувања и во меѓувреме се разигра.
Во Скопје репрезентацијата на Германија го продолжи трендот на растење. Пет победи и гол разлика 18:1 кои ги остварија под новиот селектор Ханси Флик го одразуваат променетиот стил: тимот без оглед на тоа кои играчи играат, секогаш бара офанзивен фудбал. Индивидуален квалитет за големи дела постои, но не на сите позиции. Поединечната и физичка супериорност преовладеаа во вториот дел од мечот“, пишува Вилд.
Во триумфот од 0:4 во Скопје, Германија имаше потешкотии само на стартот и очигледно немаше среќа пред паузата, па дури погоди и статива.
„Против такви тимови како што беше и против Романија, на почетокот секогаш е тешко“, изјави играчот на Мечот Тимо Вернер за микрофонот на RTL и не мислеше само на својот настап: „Добро е што не примивме гол. Во тој период имаа две или три опасни ситуации“, додава Вернер.
И покрај нешто слабиот старт и лоша среќа на почетокот, Вернер и соиграчите не се демотивираа. Наместо тоа селекторот Ханси Флик продолжи да бара од екипата да напаѓа. „Прашање на време беше кога ќе погодиме. Така и се случи“, додава шпицот на Челси.
После многу жестоки критики, конечно дојде време за Вернер (25), пишува Кикер. А уште многу поважно за него е што новиот селектор се потпира на него.
„Честопати велев дека ако му се допаѓате на тренерот и се потпира на вас, тоа му помага на секого. Ми значи оваа доверба и селекторот ми ја дава стопроцентно“.
Сите германски репрезентативци се обединети во размислувањето дека со новиот селектор сите играат подобро. „Ретко дека има подобар пат од овој за Ханси“, вели Горецка убеден дека фаќаат голем залет за Светското догодина.
Ханси Флик одлично ја пренесува идејата за игра на репрезентацијата.
„Бидејќи не можеме да тренираме толку многу заедно, мораме многу да разговараме со играчите“, вели Флик објаснувајќи го својот пристап кон репрезентацијата.
Досега низ квалификациите низ историјата само на Флик и претходникот Јоаким Лев им успеало да врзат пет победи и да примат само еден гол.
Притоа Флик со Македонија од почеток во игра го стави и дебитантот Давид Раум (23), лев бек од Хофенхајм кој првпат заигра за репрезентацијата на Германија и е голема надеж за иднина, а му даде шанса и на вундеркиндот од Баерн Минхен, 17-годишниот Џамал Мусиала кој се заблагодари со дебитантски гол за Германија.
2 – Aged 18 years and 227 days, Jamal Musiala is the second-youngest player ever to score his first goal for the German national team (since 1908). Only Marius Hiller was younger when he scored against Switzerland in 1910 (17y 241d). Gem. #MKDGER pic.twitter.com/hh3atPXfBc
— OptaFranz (@OptaFranz) October 11, 2021
„Елф“ има генерално млад тим со носителите на играта Кај Хаверц (22), Џошуа Кимих (26), Серж Гнабри (26), Лирој Сане (25), Тимо Вернер (25), Леон Горецка (26) и би требало да биде еден од фаворитите за завршницата на Мундијалот 2022 во Катар.