Газета: Малиот скапоцен камен на Анчелоти веќе го освои Наполи

Само четири кола се поминати во Серија А, а италијанскиот печат не само што го споменува постојано, туку и не штеди зборови за него. На вчерашниот негов роденден, најугледниот спортски весник во Италија, Газета дело Спорт, посвети статија за него.

Македонскиот играч од среден ред е меѓу најпријатните изненадувања оваа сезона. Некој ќе биде изненаден, но Елиф Елмас има само 20 години, а според тоа што го прикажува изгледа на ветеран.

По две сезони во Фенербахче, сега во Наполи е веќе протагонист на стартот од сезоната. За него селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски рече:

„Драго ми е што потпиша за Наполи не само затоа што зборуваме за втората италијанска сила, туку затоа што таму е Анчелоти, кој е еден од најдобрите тренери. По еден месец, го забележав Елмас веќе подобрен. Ми рече дека му е многу добро, а јас сум убеден дека ќе му биде уште подобро во тој тим. Веќе покажа дека има голем карактер и дека верува во себе. Тоа е тајната, сака секогаш да покаже дека е на ниво. Наполи има голем и квалитетен фонт на играчи, но Елмас има сè што е потребно за да си пронајде простор“.

Два пати стартер со 183 минути во првенство и 15 минути во Лига на шампиони. На досегашните пет средби, Анчелоти никогаш не сакаше да се откаже од својот скапоцен камен кој демонстрира карактер и способност за брза техничко – тактичка адаптација.

Недостигот кој треба да го поправи е неговата контрола/агресивност, бидејќи веќе има два жолти картони. Но логично е само да се подобрува.

Ако против Сампдорија на Сан Паоло беше пријатно изненадување, во Лече одигра помалку брилијантен натпревар, но во секој случај и тој тест му беше од суштинско значење.

Погледнете ги неговите објави на Инстаграм каде ќе видите момче кое што туку е излезенo од адолесценција.

Потоа го гледаш на терен и си викаш: Зарем овој може да има само 20 години? Среќен роденден Елиф.

Виа

25 септември 2019 - 10:48