Фудбалска неинтелигенција 3.0

Некогаш на човек не му треба да оди во театар или кино, зошто најдобар циркус може да види на просечен фудбалски натпревар. Пазете сега ова, во 2. коло од новата сезона во фудбалското првенство на Узбекистан, клубот Аниџан со 5-1 го совладал Буњодкор. Во 34’ минута од првиот дел, гостинскиот фудбалер Исмоналиев повеќе во мајтап допира со нога домашен фудбалер. Соиграч на вториов го убедува да падне на земја и гостинскиот играч добива црвен картон при резултат 1-1.

11 март 2024 - 09:54