Фудбалерите на Иран одадоа почит на 165 убиени девојчиња

На 28-ми февруари во градот Минаб во јужен Иран се случи едно од најголемите воени злосторства во историјата на човештвото откако американските вооружени сили бомбардираа училиште при што загинаа околу 180 лица од кои повеќе од 100 девојчиња на возраст од 7 до 12 години.

Фудбалската репрезентација на Иран, предводена од капитенот Мехди Бехрами која сè уште не знае дали ќе учествува на Светско првенство летово во САД, Мексико и Канада, пред пријателскиот натпревар со Нигерија во Турција, стоеше на химната со детски, женски школски ранци во чест на загинатите мали девојчиња.

Иран играше со Нигерија во турскиот град Белек.

30 март 2026 - 15:19