Аргентински фудбалски спектакл

Натпревар со два пресврти, девет голови и победа на последнопласираниот тим во аргентинската лига на гостувањето кај Бока Јуниорс со гол во 94-та минута за конечни 4:5. Е ова е вистински фудбал за уживање.

Последнопласираниот тим Индепендиенте гостуваше кај екипата на Бока Јуниорс која пред овој дуел немаше пораз на последните 33 натпревари.

Изненадувачки, гостите поведоа уште во 35-та секунда од натпреварот, а на полувремето водеа со 2:3.

Бока направи пресврт во второто полувреме и поведе со 4:3, но во самиот финиш следеше израмнување, а во 94-та минута Ернесто Фариас го реализираше својот хет-трик за конечни 4:5.

Погледнете ги головите од овој прекрасен натпревар:

12 март 2012 - 17:41