(1947-2018)

Фото сеќавање од кариерата на Благој Истатов

Покрај богатата кариера поткрепена со фотографии, за легендарниот струмички голман има и една позната анегдота од времето кога бранел за Партизан. Сакал да купи цигари, се наведнал и на продавачката на трафика и рекол: „Једну кутију цигарете молим“. Таа: „Које“? Истатов: „Благој е кој е“!

ФК БЕЛАСИЦА како играч (1965–1968), а потоа и тренер

Со фудбалерите на Беласица пред кафаната Јавор

29 ноември 1983 година: Проштален натпревар на Истатов меѓу Беласица и Партизан.

Претседателот на Беласица Димитар Стојков му подарува мермерна статуа на Истатов (Таа што не може да ја крене)

Како тренер на купата на Беласица

6 јули 1988 година: Победата на Беласица над Трепча од Косовска Митровица и пласманот во прва Б Лига во СФРЈ.

ФК ПОБЕДА (1968-1973)

Благој Истатов (прв настап за Победа) и Томе Семенков (Работнички)

Струмичаните Ванчо Дрвошанов, Благој Истатов и Александар Трајков Чанда во дресот на Победа.

ФК ПАРТИЗАН (1973 - 1976)

1973 година: Пријателска меѓу Партизан и Атлетико Мадрид.

ФК УТРЕХТ (1976 - 1978)

Со тренерот на Утрехт Ханс Бергер

Јунак на турнирот што го организираше Утрехт

Опкружен со навивачите

Истатов го повреди носот на меч против Ајакс кој Утрехт го совлада по 30 години.

Со семејството во Холандија: сопругата Љупка, ќерката Боркица и синот Боро.

ПОМОШНИК ТРЕНЕР ВО ФК ВАРДАР

Истатов, Хаџиевски и Балевски

Во соблекувалната на ФК Вардар покрај Истатов и главниот тренер Ѓоко Хаџиевски може да се забележат и Драган Начевски, Влатко Гроздановски, Сашо Јанев, Миле Димов, новинарот Атанас Костовски...

Со Томе Семенков

Шампионската титула на Вардар во сезоната 2001/2002 година со 37 освоени бодови (гол разлика 28:16), еден повеќе од главниот конкурент Беласица.

Горен ред: Милан Илиевски, Никола Глигоров, Ѓоко Цветановски, Влатко Спасовски, Влатко Гошев, Александар Васоски, Игор Златановиќ, Боби Божиновски, Дарко Тасевски, Бобан Џангаровски и Дејан Ристовски.

Среден ред: Димовски (економ), Саша Илиќ, Миле Димов, Драган Начевски, Славчо Георгиевски, Никола Ѓошевски, Влатко Новаков, Тони Котевски, Александар Донев, Игорче Стојанов, Воислав Симоновски, Муарем Зекир и Рубинчо Србиновски (физиотерапевт).

Седат: Ристе Божинов, Арсим Абази, Марио Петков, Сашо Јанев, Ванчо Балевски (помошник тренер), Ѓоко Хаџиевски (шеф на стручен штаб), Благоја Истатов (тренер на голманите), Александар Бајевски, Срѓан Захариевски, Драган Веселиновски и Агиналдо Брага.

Целокупниот играчки и стручен кадар со пехарот за освоената шампионска титула за сезоната 2002/2003.

ТРЕНЕР НА ГОЛМАНИТЕ ВО МАКЕДОНСКАТА ФУДБАЛСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

Хаџиевски, Плачков и Истатов

Со Данчо Целевски и Јане Николовски

28 септември 2018 - 12:46