Фина идеја на германска Фортуна Дизелдорф, ќе ја следат ли останатите?

Германскиот клупски фудбал со години е синоним за прави вредности. Трибините се полни, навивачите до уши вљубени во фудбалот, а клубовите строго се држат до традиционалното правило 50%+1 од акциите да им припаѓаат на навивачите. Сега од Дизелрдоф стигнува нова пријатна најава.

Второлигашот од втора Бундеслига, Фортуна Дизелдроф смислила необичен проект за навивачите. Клубот сака да ги пушта бесплатно на цел стадион.

Оваа стратегија насловена како „Фортуна за сите“ може лесно да направи голем пресврт во и онака финансиски напнатиот фудбал кој стана хоби за најбогатите.

Управата на клубот во чии рамки има четворица партнери кои планираат да инвестираат вкупно 45 милиони евра за пет години. Дел од средствата ќе одат за првиот тим, дел за младинците, а дел за настани на стадионот.

За да го зголеми интересот за клубот, управата планира да дели бесплатни влезници, односно влезот да не се наплаќа. За следната сезона во план се на три меча да го пробаат проектот со бесплатен влез па да видат како ќе оди. Со овој чекор сакаат да привлечат внимание кон себе, а навивачите ќе можат да потрошат средства на стадионот. Единствено ќе се наплаќаат места во ВИП ложата.

Предизвикот ќе им биде голем, затоа што се намалени приходите од тв права. Раководството на Фортуна Дизелдорф сака да проба да тргне по друг пат, на друга страна од стандардната шема.

Прекрасниот стадион има капацитет од 54.000 гледачи. 

28 април 2023 - 15:58