ФИФА линкува за Светското до МТВ

Ако уште се прашувате во колку ќе бидат преносите од Мундијалот и дали и во каква зонска разлика сме со Русите, еве ви ги термините на тацна.

На сајтот на Светската куќа на фудбалот термините се стокмени цакум пакум од отворањето на 14-јуни, па се до финалето на 15-јули, што значи нема простор повеќе за прашања од типот: Ама чекај во колку е отворањето? Зошто не е навечер?
 
Игнорирајте ги термините од левата страна бидејќи тиe се по руско време. Она што ве интересира е временскиот термин меѓу двете селекции каде ФИФА има направено да се покажува точното време на одигрување во земјата од каде им го отвораш сајтот.
 
 
Значи кога отвораш од Македонија ти се појавуваат нашите термини и плус стои знакот на МРТ 1 и МРТ 2 кои ги имаат откупено ексклузивните права за пренос на сите 64 натпревари. Добра фора.
 
Ја тестиравме ФИФА да видиме дали е прецизна во Италија, земјата која за жал по 60 години ќе има само гледачи на ова Светско. Пријател од таму ни прати принт скрин. Пренос ќе има на Медиасет, каналите на Силвио Берлускони.
 
 
Инаку ако ве интересира тоа со зоните, исто сме само со Калининград, а со другите градови разликата е од еден до три часа.
 
Ако го немате екселот.
11 јуни 2018 - 14:23