Оваа награда која што оправдано ја доби најдобриот светски тренер на денешницата Јирген Клоп, го носи името „Сер Алекс Фергусон“.
Легендарниот Шкотланѓанец лично му се обрати на неверојатниот Клоп:
„Јирген, тоа е фантастика. Зборувам за тоа што Лидс помина 16 години во Чемпионшип (Марсело Биелса исто конкурираше за наградата), a Ливерпул 30 години без титула, тоа е неверојатно. Вие во целост ја заслуживте титулата, нивото на игра на вашата екипа беше извонредно. Твојата личност проникнува во цел клуб. Мислам дека беше чудесен, чудесен настап.
Ќе ти простам што ме разбуди во 3:30 наутро да ми кажеш дека си ја освоил титулата. Ти благодарам! Но во секој случај, апсолутно заслужено. Добра работа“, вели Фергусон во видео порака до Клоп.
🗣"Your personality went right through the whole club and I will forgive you for waking me up at 3:30am to tell me you won the league" 🤣
— Football Daily (@footballdaily) July 27, 2020
Sir Alex Ferguson announcing Jurgen Klopp as the LMA manager of the year pic.twitter.com/ijpXLz6Btw
Сер Алекс Фергусон има 78 години. Тој замина од фудбалот во 2013-та година. Важи за еден од најголемите тренери на сите времиња. Освои 38 вредни трофеи за 26 години како тренер на Манчестер Јунајтед меѓу кои 13 титули во Премиер, 5 ФА Купа, 2 Лига на шампиони. Фергусон и Клоп секогаш господски се однесуваат еден кон друг иако се легенди на клубовите чии навивачи не се поднесуваат.
„Имам одличен однос со Алекс. Кога првпат го сретнав, тоа беше вака: 'Ова е Алекс Фергусон'. Јас бев млад тренер од Дортмунд и од првите секунди имавме супер разговор. Ми требаше 20 минути за да се привикнам на шкотскиот акцент, но после се вклучив. Од тогаш одржуваме контакт“, раскажа еднаш Клоп.
Дури и Џејми Карагер еднаш кажа дека зборувал со Фергусон веднаш откако Клоп бил поставен за тренер на Ливерпул.
„Има нешто во него, сигурен е во себе. Мислам дека може да го врати Ливерпул на свое место“, му рекол Ферги на Кара.