На крајот од ’80-те години во Јунајтед, но и во цела Британија цветал култот на пијанство со кој се борел и Сер Алекс Фергусон кој имал немирни фудбалери во составот.
Еден од главните бил Пол Макграт. Овој ирски фудбалер често бил под дејство на алкохол и лошо влијаел врз младинците па морал што поскоро да го напушти клубот.
Макграт бил одличен фудбалер, во 1993-та дури и бил прогласен за играч на годината во Премиер лига. На „Олд Трафорд“ поминал седум години од кои три под водство на Сер Алекс Фергусон.

Се обиделе да влијаат врз него на секаков начин но не им успевало. Тогаш Ферги решил да ги заврати ракавите и да земе се во свои раце, како што секогаш правеше.
Ладно му предложил на Пол Макграт 100.000 фунти за веднаш да ја заврши фудбалската кариера и да се прибере во својата Ирска.
Во тоа време (а секако и во еднешно) оваа сума е астрономска и го фрлила во искушение Макграт, но тој одбил.
Дефанзивецот верувал во себе и тврдел дека ќе успее. Набрзо им стигнала понуда од Астон Вила а Јунајтед ја прифатил со две раце и едвај чекал Макграт да ги спакува куферите.

Пол во познатиот клуб од Бирмингем одиграл дури 252 меча, а во сезоната 1992/1993 за малку не му ја освоил титулата на Манчестер Јунајтед „пред нос“.