Факти за Европските првенства

Полска и Украина се домаќини на 14-тото Европско првенство во фудбал и пред неговото завршување ова натпреварување ќе влезе во историјата како последно на кое учествувале 16 селекции. Веќе за четири години во Франција на Евро 2016 во битката за титулата ќе бидат вклучени 24 национални тима.

Еве неколку интересни податоци кои засекогаш ќе паметат во историјата на Европските шампионати.

1. Првите два турнири во 1960 и 1964 година биле познати како Куп на европските нации и ова име е задржано се до 1968-та.

2. Актуелниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, кој како фудбалер го носеше дресот на репрезентацијата на Франција е рекордер по бројот на постигнати голови на едно првенство. Тој во 1984-тата година постигна девет гола.

3. Репрезентацијата на Германија има одиграно најмногу натпревари на Европските првенства, вкупно 38, втора е Холандија со 32 додека на третото место е актуелниот шампион, Шпанија со 30 меча.

4. Од сите досегашни освојувачи на трофејот, само репрезентацијата на Грција успеа да стигне до првото место со странски селектор. Во 2004 година на чело на националниот тим беше, Германецот, Ото Рехагел.

5. Португалија е единствениот домаќин, кој не успеал да триумфира во финалниот меч. Во 2004 година, Португалците загубија од Грција.

6. Мишел Платини е единствениот фудбалер, кој успеал да постигне два хет-трика на еден шампионат.

7. Досега само шест фудбалери имале шанса да настапат на четири Европски првенства. Лотар Матеус (1980, 1984, 1988, 2000), Петер Шмајхел (1988, 1992, 1996, 2000), Арон Винтер (1988, 1992, 1996, 2000), Алесандро дел Пјеро (1996, 2000, 2004, 2008), Едвин ван дер Сар (1996, 2000, 2004, 2008) и Лилијан Турам (1996, 2000, 2004, 2008)

8. Рекордна посета на еден натпревар во историјата на турнирот е забележана во 1968 година, кога квалификацискиот меч меѓу Шкотска и Англија на стадионот Хемпден Парк го следел 130.711 гледачи.

9. Белгија (1972), Австрија и Швајцарија (2008) се единствените домаќини на првенството кои не успеале да се пласираат во полуфиналето.

10. Давид Виља (Шпанија) е седмиот фудбалер, кој успеал да постигне хет-трик на еден шампионат. Пред него до овој подвиг стигнале Патрик Клајверт (Холандија), Серхио Консеисао (Португалија), Марко ван Бастен (Холандија), Мишел Платини (Франција), Клаус Алофс (Германија) и Дитер Милер (Германија)

11. Седум фудбалери во шпанскиот состав, кој настапија во финалето на Светскиот куп во 2010 го носеа дресот на Барселона. Тимот од Ноу Кам има идентичен број на фудбалери и на Европското првенство во Полска и Украина.

12. Икер Касиљас има 129 настапи за репрезентацијата на Шпанија и тој е фудбалерот со најмногу мечеви во националниот тим од сите играчи на Европското првенство во Полска и Украина.

13. Еден од двајцата домаќини на шампионатот, Украина за прв пат е дел од ова натпреварување.

14. Полска, која се наоѓа на 65-тото место е најлошо рангирана репрезентација на ФИФА ранг листата, а е дел од Евро 2012.

13 јуни 2012 - 01:04