Евроголот на вечерта падна во Бачка Топола

На 16 натпревари во Лига Европа и Лига Конференции синоќа имаше многу голови, пресврти, драми, продолженија и пенали. Најлудо беше во Леверкузен и во Бачка Топола. Во српскиот град игра Макаби Тел Авив поради војната меѓу Израел и Палестина. Макаби минатата недела го декласираше Олимпијакос со 4-1 а синоќа Грците возвратија и славеа исто со 4-1 па во продолженија ги поставија конечните неверојатни 6-1! Најубавиот гол на мечот го постигна Ајуб Ел Кааби.

15 март 2024 - 10:02