Еврогол на новата турска сензација

Турција е на добар пат да обезбеди пласман на Европско првенство. Синоќа Турците со 2-0 го совладаа Велс кој од 42’ минута играше со играч помалку по црвениот картон на Џо Морел. Вториот гол со кој беше потврден триумфот на Турција го постигна Арда Ѓулер, 18-годишниот чудесен фудбалер кој во моментов е најбаран играч на светот.

Арда е роден во Атлиндаг близу Анкара во 2005-та година. Кариерата ја почнал во Генчлербирлиги а од 2019-та е во системот на Фенербахче. Со гигантот од Истанбул сезонава го освои Купот на Турција а со број 10 на грбот тој беше лидер на екипата со само 18 години.

Договорот со Фенер му истекува во 2024-та, но има откупна клаузула од околу 17 милиони евра, така што за него се заинтересирани најголемите светски клубови. Сопственикот на клубот, милијардерот Али Коч направил сè да го убеди да потпише нов договор, но Гулер сака да замине во друг клуб, по сè изгледа холандски Ајакс како почетна станица.

20 јуни 2023 - 09:09