Елиф Елмас во 3. коло од Серија А доби за прв пат шанса како стартер, а ја искористи до толку добро што еден Кориере дело Спорт му даде фантастична оценка од 7,5.
Еминентниот весник пишува:
„Сан Паоло се вљубува во голем талент, кој што туку пристигна, има само 19 години, импресионира со елеганција, карактер и смелост“.
Италијанските весници утрово пишуваат дека Елмас против Сампдорија поминал низ многу убедлив тест и дека заслужено добива одлични критики и оценки од сите.
Кориере дело Спорт
„Малиот Модриќ го исполнува мечот со својата елеганција. Танцува со леснотија што фасцинира“.
“Il piccolo Modric, danza come un’etoile: sembra un veterano!”. Elmas strega i quotidiani… https://t.co/OIbtU4Jzcq
— Napoli calcio-news24 (@news24_napoli) September 15, 2019
Тутоспорт 7
„Новодојденец кој изгледа како да е ветеран. Ако дадеше гол ќе беше играч на мечот“.
Република 6,5
„Карактер, талент и добар шут“.
Ил Матино 7
„Природна замена на Алан за кој не треба да се жали што е отсутен, бидејќи трча како луд и оди да се лепи на цел терен. Има нозе кои му дозволуваат секогаш да биде луциден кога треба да се постави, но и да мине човек“.
🇮🇹 Italy | Serie A
— TOP Scout (@TOPScout3) September 14, 2019
Napoli 2:0 Sampdoria
Eljif Elmas was in Starting lineup ad played 76 minutes
Accurate passes - 52 (92%)
Shots on target - 1
Ground duels (won) - 8 (5)
Was fouled - 2
Tackles (won) - 1 (1)
Clearances - 1#NapoliSamp pic.twitter.com/nCEVlRZjQV