Екс голман на Динамо и Шахтјор фатен на граница во обид да избега од Украина

Украинскиот голман се обидел нелегално да премине граница со уште тројца мажи и едно 4 годишно дете. Услугата се нудела на Телеграм за цена од 8.000 долари по човек.

Се работи за 33 годишниот Артур Рудко, кој е приведен откако се обидел нелегално да ја мине украинската граница со Молдавија.

Рудко бил застанат од граничарите заедно со уште тројца возрасни мажи и 4 годишен син на еден од нив.

Според тврдењата на украинските медиуми, мајката знаела за плановите на својот сопруг и се согласила на ова ризично патување за детето.

Нелегалното преминување на границата било организирано преку руската социјална мрежа Телеграм, а за учество во шемата секој од нив морал да плати по 8.000 долари во криптовалути.

Инаку Артур Рудко е поранешен голман на Динамо Киев, Шахтјор и Металист, а има брането и во странство за две екипи, Пафос од Кипар и Лех Познањ од Полска. 

Минатата сезона беше член на Черноморец Одеса, но сега ќе треба да помине низ основна воена обука во еден од центрите за обука на вооружените сили на Украина.

На 30 август, Рудко изјави дека речиси и да нема опции за продолжување на кариерата во Украина, но имало покани од Израел, Кипар и Азербејџан.

17 септември 2025 - 13:15