Руските клубови и репрезентации во машки и женски фудбал се суспендирани од УЕФА и ФИФА натпреварувањата од февруари 2022-ра година по започнувањето на руската специјална операција во Украина.
„Оваа забрана не постигна баш ништо, предизвика само повеќе фрустрација и омраза. Да имаш момчиња и девојчиња од Русија да можат да играат фудбалски натпревари насекаде ширум Европа би помогнало“, вели Инфантино за забраната за која најжестоко лобираа Велика Британија, Украина, Норвешка и други европски земји.
Инфантино додал и дека тој лично „никогаш не би исфрлил некоја земја од играње фудбал поради акти на нивните политички лидери“. „Некој мора да ги држи врските отворени“, вели 55-годишниот Инфантино.
Украинскиот министер за спорт Матвеј Бидњи рекол дека коментарите на Инфантино биле „неодговорни“ и „инфантилни“.
Исто и првиот човек на УЕФА Александар Чеферин веќе подолго време апелира и се залага забраната за Русија да биде отстранета и фудбалската репрезентација и клубовите од оваа земја да се вратат во системот на УЕФА и ФИФА. Во април минатата година на конгресот на УЕФА Чеферин додаде дека би сакал војната да заврши и Русија да се врати во системот.