
И покрај сите турбуленции на и надвор од теренот по крајот на минатата сезона, Јувентус реши од УЕФА да бара компензација, па евентуалната суспензија да ја одработи сезонава.
УЕФА им дозволи и бјанконерите нема да играат во Лига Конференции за каде обезбедија пласман, туку ќе се посветат само на домашните натпреварувања во Серија А и Копа Италија.
Тоа изгледа одлично решение барем засега затоа што Јувентус игра супер на стартот.
Душан Влаховиќ денес постигна два прекрасни гола за нови три бода на Јуве кој остана до Интер на врвот на табелата.