
Меѓу илјадници навивачи на Аргентина кои допатуваа во Катар како знаат и умеат со цел да го бодрат Лео Меси и другарите на патот до титулата, биле и две русокоси девојки.
Според порталот АутКик, катарските власти имале намера да ги истераат девојките од стадионот во моментите кога тие две се соблекле во време на аргентинската еуфорија на трибините, но на крајот ги оставиле и не ги уапсиле иако според законот имале секаква основа за такво нешто.
Аргентинките станале хит меѓу навивачите, но само големата прослава и еуфорија по освоената титула ги спасило од катарскиот суд и евентуална затворска или парична казна за непристојниот однос.