Два нови гола за Меси, еден и за Бускетц

Интер Мајами со 3-1 го совлада Нешвил и после 10 одиграни меча е прв на табела со 18 бода, иако ривалите во МЛС лигата имаат по еден или два меча помалку одиграно од нив. Лионел Меси постигна два гола а имаше и асистенција за погодокот на неговиот другар и соиграч од времето во Барселона Серхио Бускетц.

Меси за 1-0:

Бускетц за 2-1:

Меси за 3-1:

Од почетокот на сезоната Лионел Меси  има 7 гола и 3 асистенции а Луис Суарез има 6 гола и 4 асистенции. 8 погодоци и две асистенции има центарфорот на Реал Солт Лејк Кристијан Аранго кој е прв стрелец во лигата. Аранго и Суарез одиграа по 9 меча а Меси 6 досега.

21 април 2024 - 09:59