Ако некогаш сте се запрашале што е потребно еден фудбалер да добие 10-ка на еден настап, тогаш гледајте го изданието на Душан Тадиќ против Реал Мадрид и ќе ви стане јасно.
Српскиот репрезентативец беше херој на мечот, но не само поради двете асистенции и убавиот погодок, туку и затоа што си поигруваше со Кралевите како со мали деца и згора на сè им приреди дриблинг “Зидановка“ и тоа сред Бернабеу.
Францускиот весник L'Équipe му ја даде највисоката оценка 10-ка за што Тадиќ веројатно само сонувал до сега.
За признанието да биде уште посилно потврда е овој податок. Само деветмина фудбалери во историјата добиле 10-ка од L'Équipe. Каква привилегија. Ова е целата листа на тесното и одбрано друштво.
1. Sauzee (1988)
— Truiter ⭐⭐ (@Baldigle) March 6, 2019
2. Bruno Martini (1988)
3. Oleg Salenko (1994)
4. Lars Windfeld (1997)
5. Lionel Messi (2010)
6. Lionel Messi (2012)
7. Robert Lewandowski (2013)
8. Carlos Eduardo (2014)
9. Neymar (2018)
10. Dusan Tadic (2019)
6 - Dusan Tadic became the second ever player to score at least six goals for @AFCAjax in one Champions League season, after Jari Litmanen (in 1994-95 & 1995-96). Artist. pic.twitter.com/PcWdwN3JSi
— OptaJohan (@OptaJohan) March 5, 2019
Тадиќ беше во транс во тунелот после мечот
LEKKER BOYS ♥️
— AFC Ajax (@AFCAjax) March 5, 2019
✖️
✖️
✖️#UCL #reaaja pic.twitter.com/p47mwOHqsI
А дресот им го даде не на било кој, туку на навивачи од Нови Сад, градот каде ја почна кариерата во тимот на Војводина.
Душан Тадиќ направи трансфер од Саутемптон во Ајакс минатото лето за 11 милиони евра, а сезонава е брилијантен со 26 голови и 13 асистенции на сите натпреварувања. За неговите мајстории од синоќа клик тука.