Драматичен финиш и во Копа Америка, Колумбија оди во финале

Имаме уште големо финале за гледање на 14 јули после она меѓу Шпанија и Англија. Колумбија го совлада Уругвај и за трофејот во Копа Америка ќе се бори против Аргентина.

Колумбија стана финалист на Копа Америка откако со еден гол и со играч помалку ја реши полуфиналната пресметка против Уругвај.

Дефанзивецот на Астон Вила, Џеферсон Лерма со гол во 39 минута го постигна единствениот погодок на средбата.

Седум минути подоцна поради два жолти картони во соблекувална беше испратен Даниел Муњоз, исто така член на Астон Вила.

Колумбија е во страшна серија од 28 натпревари без пораз, а ова ќе им биде прво финале после 23 години.

Финалето на ЕП, Шпанија - Англија е во недела од 21:00, а финалето во Копа Америка, Аргентина - Колумбија стартува пет часа подоцна.

39 минута - 1:0, Џеферсон Лерма

72 минута - статива на Луис Суарез

88 минута - утка на Матеус Урибе

93 минута - Серхио Роше спаси чист гол за 2:0

Дарвин Нуњез од Ливерпул во хаотична тепачка на Копа Америка

 

11 јули 2024 - 08:20