Драмата на фудбалерот на Ирак кој доби црвен картон за имитација

За време на осминафиналниот меч од Купот на Азија меѓу Јордан и Ирак кој Јорданците го добија 3:2, ирачкиот центарфор доби црвен картон поради една необична епизода.

Репрезентацијата на Јордан е најголемо изненадување на Купот на Азија откако денес со 1:0 го совлада и Таџикистан и влезе во големото полуфинале за каде се борат уште и Австралија, Јужна Кореја, Јапонија, Иран, Катар и Узбекистан.

Јорданците претходно во дуел со Ирак во осминафинале победија 3:2 со два гола во 90+5’ и 90+7’ минута. Ирак од 77-ма минута играше со играч помалку на овој меч зошто шпицот Ајман Хусеин кој го постигна вториот гол за водство на Ирачаните, реши да ги имитира Јорданците при прославата на нивниот погодок, седна и имитираше левантски ручек на земја. За тоа доби црвен картон од главниот судија и овој потег предизвикал многу контроверзи.

Од Азиската фудбалска федерација не соопштиле ништо за случајот иако се нагаѓа дека вториот жолт картон односно црвен и исклучување биле покажани поради тоа што играчот премногу ја оддолжил прославата на голот.

Ајмен Хусеин е роден во ирачкиот град Хавиџа во 1996-та година а на овогодинешниот Куп на Азија се прослави со шест гола на четири меча за „лавовите од Месопотамија“.

Тој игра за ирачкиот прволигаш Ал-Кува Ал-Џавија. 

Тој како и илјадници други Ирачани растел во округ под контрола на терористичката ИСИС, а овој реон бил мета на жестоко бомбардирање на „Меѓународната коалиција за борба против Исламската држава ИСИС“ предводени од САД во Ирак и Сирија.

Нападите на нафтоводи и детонација на автомобилски бомби од страна на разните завоени страни биле секојдневие во животот на Ирачаните од тој дел од земјата. 

Таткото на Ајмен Хусеин, официр ан ирачката регуларна војска бил убиен од Ал Каида за време на еден напад на Багдад во 2008-ма. Драмата на овој фудбалер продолжила: неговиот брат, локален полицац, бил киднапиран и според биографијата на фудбалерот на Википедија „уште не се знае каде се наоѓа“.

„Никој не ја знае приказната низ која вистински проаѓаме. Не е прв примр во нашето семејство и веројатно нема да биде ни последен“, трогнат раскажал младиот 26-годишен фудбалер Ајмен Хусеин за АП. 

Ајмен Хусеин е стрелец на најважниот гол во историјата на Ирак со кој се квалификувале за Олимписките Игри 2016 во Рио. Во 2014-та морал да пребега во градот Киркук во Ирак и живеел како бегалец со семејството.

„Кога би престанал со фудбал, ништо не би менувал. Не би менувал ништо од изгубеното. Напротив, фала му на Бога на оваа ситуација. Имам покрив над глава во свој дом. Многу раселени Ирачани живеат во шатори“.

Ајмен има 23 гола на 77 настапи за Ирак, капитен е на оваа репрезентација и неговата тажна животна приказна е само една од многуте во неговата земја.

2 февруари 2024 - 14:42