Бразилскиот фудбалер речиси секој натпревар „оправа криви Дрини“ со судиите кои многу ретко посегнуваат по картони кога он е во прашање. На средбата Бразил - Колумбија синоќа во рамки од квалификациите за Светско првенство 2022, Нејмар му се внесе во лице и со гради го потбутна главниот судија Роберто Тобар ама помина неказнето. За овој потег секаде и секогаш судиите вадат најмалку жолт картон.