„Доста со тајно прикривање на судиското продолжение. Од денеска ќе го прикажува четвртиот судија јавно“, стои во еден наслов објавен во италијанскиот печат на 11 февруари 1996-та.
На тој ден дебитираше една од иновациите во фудбалот која беше воведена во чекор со технологијата, а тоа е семафорот кој наполни 25 години.
Во суштина се работи за многу проста работа која се прави со вклучување на една сијаличка, но сепак претходно не постоела, а денеска сè уште ја има и нема зошто да биде изменета.
„Целта на иновацијата тестирана и од ФИФА е минутите кои ги продолжува судијата да бидат јавно прикажани за да нема полемики како до сега кога судиите можеа да фаворизираат некој тим со продолжување или кратење време. Според нормите, на крај на прво и на крај на второ, судијата има должност да го надополни загубеното време, без разлика каков е резултатот. На пример измена на играч треба да се надополни со 30 секунди, потоа интервенција на лекарски тим, инцидент и слично“, стои во тогашното објаснување.
Кога во Серија А направиле сефте, сите судии дале по минимум 2 минути продолжение во едно полувреме, а најмногу се играло на мечот Удинезе – Лацио каде гостите профитирале и извадиле бод. Вкупно четири гола паднале во продолженијата од тоа коло.