Дебакл на Барселона во Лисабон, Роналдо го спаси Јунајтед и урна нов рекорд

Се комплетираше и второто коло од Лига на шампиони. Дербито се одигра во Торино каде Јуве го совлада Челси со 1:0 а Роналдо го спаси Манчестер со Виљареал.

И покрај тоа што играше без главните играчи Пауло Дибала и Алваро Мората, Јувентус успеа да го добие Челси.

Во Манчестер, Кристијано Роналдо буквално во последните секунди му донесе голем триумф на Јунајтед против Виљареал 2:1 за огромна радост на „Олд Трафорд“.

Португалецот вечерва го запиша својот 178. настап во елитната Лига на шампиони и стана прв играч со толку натпревари во најдоброто европско клупско натпреварување.

Притоа Кристијано со гол на 36 години и 236 дена стана вториот најстар стрелец на Јунајтед во Лига на шампиони. Единствено легендарниот Брајан Робсон во 1993-та постигнал гол како највозрасен играч во ЛШ/КЕШ на 36 години и 282 дена.

Во Лисабон, Бенфика ја прегази Баселона со 3:0 и на Каталонците им го нанесе вториот пораз во Лига на шампиони по воведниот дебакл од Баерн среде „Камп Ноу“ со ист резултат.

Лига на шампиони 2. коло:

Група Е

БАЕРН МИНХЕН - ДИНАМО КИЕВ 5:0 (2:0)
/Левандовски 12', 27', Гнабри 68', Сане 74', Шупо-Мотинг 87')

БЕНФИКА - БАРСЕЛОНА 3:0 (1:0)
/Нуњез 3', 79', Силва 69'/

Група Ф:

АТАЛАНТА - ЈАНГ БОЈС 1:0 (0:0)
/Песина 68'/

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД - ВИЉАРЕАЛ 2:1 (0:0)
/Тељес 60', Кристијано Роналдо 90-5' - Алкасер 53'/

Група Г:

САЛЦБУРГ - ЛИЛ 2:1 (1:0)
/Адејеми 35', 53' - Јилмас 62'/

ВОЛФСБУРГ - СЕВИЉА 1:1 (0:0)
/Штефен 48' - Ракитиќ 87'/

Група Х:

ЈУВЕНТУС - ЧЕЛСИ 1:0 (0:0)
/Кјеза 46'/

ЗЕНИТ - МАЛМЕ 4:0 (1:0)
/Клаудињо 9', Кузјаев 49', Сутормин 80', Вендел 90-4'/

29 септември 2021 - 23:13