Дани Алвеш ќе донира 300 Хепатит Ц третмани за луѓето кои се погодени од оваа смртоносна болест во Боливија. Донацијата е дел од иницијативата „Tour n' Cure initiative“ која им дава на пациентите ефикасни пакет третмани.
Тој изјави дека целта му е да им помогне на сите 600 луѓе во Боливија кои страдаат и не можат да си дозволат лекување:
„Ако успеам да спасам еден живот ќе бидат посреќен“.
Донацијата е дел од националната програма за превенција и лекување од сексуално преносливи болести. Третман за 12 недели во Велика Британија чини 35.000 фунти за еден човек, а во САД 84.000 долари.
Алвеш има потпишано договор за финансирање на 1.000 третмани за Хепатит ц во Боливија, Шпанија и неговата родна земја Бразил, за оние кои немаат финансиски средства.
Хроничната инфекција со вирусот Хепатит Ц влијае на околу 170 милиони луѓе и е главна причина за цироза и рак на црниот дроб.
Бразилскиот бек ќе дебитира за Јувентус во Серија А на 29 август против Фиорентина.