Според англиските медиуми, Г-дин Фејсбук во улога на прв човек на конзорциумот Iconiq Capital со седиште во Сан Франциско спремна понуда тешка 1 милијарда фунти (нешто помалку од 1,1 милијарда евра).
Daily Express пренесува дека сопственикот на Спарс, Џое Луис нема намера да го продаде клубот во годината во која Тотенхем кој ќе игра во Лигата на шампионите, гради нов стадион, спремен за сезоната 2018/2019. Избраниците на Маурицио Покетино домашните средби ќе ги играат на Вембли.
Тотенхем се огласи преку официјално соопштение и ги демантираше гласините за продажба на клубот, но Цукерберг имал сериозна намера да го купи премиерлигашот од северен Лондон. Тој не би бил првиот Американец сопственик на англиски фудбалски тим. Манчестер Јунајтед, Aрсенал, Ливерпул, Кристал Палас и Свонси имаат газди од САД.