Црвен картон вреден повеќе од 20 милиони евра

Синоќа во Пиреја Олимпијакос играше реванш натпревар од осминафинале на Лига конференции против норвешкиот Бодо/Глимт. Грчкиот тим славеше победа 2:1 која иако недоволна за пласман во следната фаза, сепак најверојатно ќе им го донесе многу посакуваниот директен пласман во Лига на шампиони следната сезона.

Epa Images
Epa Images
Epa Images

Бодо/Глимт минатата недела направи големо изненадување откако со 3:0 го декласираше Олимпијакос. На реваншот во Пиреја, актуелниот шампион во Лига на Конференции Олимпијакос победи со 2-1. 

Недоволно за пласман понатаму, но Олимпијакос мораше по секоја цена да ја сочува победата.

Од причина што на црвено-белите им требаа бодовите од триумфот за УЕФА ранг листата која ги води директно во Лига на шампиони и следната сезона.

За такво нешто ќе треба да бидат шампиони во Грција каде имаат убедлива предност на табелата во моментов и ќе треба Астон Вила или Борусија Дортмунд да не ја освојат Лигата на шампиони.

Во 89-та минута од синоќешниот меч, Бодо/Глимт направи една страшно брза контра и речиси излегоа сами пред празниот гол на Олимпијакос, но домашниот голман Константинос Цолакис стартуваше грубо и го собори противничкиот фудбалер на средина од теренот за што доби директен црвен картон.

Но целта беше исполнета, спречи израмнување, сочува победа на неговиот тим и речиси извесен пласман директно во Лига на шампиони следната сезона.

Тоа значи и најмалку 20 милиони евра од УЕФА од премии за секој учесник во Лига на шампиони.

Моментот може да се види на 11:11 од видеото:

 

14 март 2025 - 14:05