Човек-одлука кој на Аргентина ѝ донесе големи радости

Анхел Ди Марија со право е најсаканиот аргентински фудбалер покрај Меси. На натпреварот Финалисима со Италија, фантастичниот крилен напаѓач постигна гол сличен на неколку претходно со кои на својата селекција и донесе трофеи.

Аргентина со 3:0 ја згроми Италија и го освои обновениот натпревар Финалисима кој се игра меѓу шампионот на Европа и актуелниот првак на Јужна Америка.

Прекрасен гол во свој стил даде Ди Марија на асистенција на Лаутаро:

Го вкуси и златниот медал:

Ди Марија генерално има препознатлив знак, тоа е неговиот лоб со кој ги решава голманите. Така минатата година на Копа Америка со „боцка“ го совлада Едерсон од Бразил за единствен победнички гол на мечот.

Аргентина благодарение на Анхел ја освои првата Копа Америка после 1993-та година.

А иста победничка „боцка“ за прекрасен лоб Ди Марија имаше и во финалето на Олимписките Игри 2008 во Пекинг со Нигерија кога Аргентина стана олимписки шампион:

Аргентина претходно го освои златото и на Олимписките Игри во Атина 2004.

Ди Марија го пропушти големото финале на Светско првенство 2014-та против Германија.

3 јуни 2022 - 10:54