Челси изгуби од Сервет, толку е веста

Само благодарение на триумфот од 2:0 од првиот дуел од баражот за Лига Конференции, Челси влегува во групна фаза. Клубот кој потроши буквално 1,5 милијарди евра на засилувања во претходните неколку години, синоќа изгуби 2-1 од швајцарски Сервет кој во швајцарската лига е седмо место на табела. Што стана од некогашниот Челси кој беше страв и трепет во светски размери?

Челси со резултат 2-1 од првиот дуел дојде синоќа во Швајцарија. Поведе на реваншот 0-1 со гол од пенал на Нкунку во 14’ минута, но домаќините победија со пресврт со погодоци во 32’ минута и 72’ минута.

 

30 август 2024 - 10:32