Британка го предаде најважниот меч во кариерата поради транс-жена

Публиката во градот Денгигшаер во Велс била спремна да го гледа големото финале на престижниот женски турнир во билијар „Шампион на шампионите“, но на крајот мечот се одложил.

Британката Лин Пинчес решила да го предаде мечот за пехар во големото финале против ривалката која што е трансродна личност.

Станува збор за Харијет Хајнс која веќе неколку години се изјаснува себеси за жена иако претходно била маж пред оперативен зафат.

На видеото кое се шири по светот се гледа како Британката Пинчес му приоѓа на судијата и му навестува дека го предава натпреварот зошто не сака да игра против лице кое до неодамна било маж а сега е „жена“.

Голема поддршка за ова Пинчес добила и од јавноста и од својот роден брат Бери Пинчес кој е познат снукер играч.

„Секоја чест и огромна почит за мојата сестра Лин Пинчес што зазема став и не играше во најважниот натпревар во целата своја билијар кариера зошто смета дека не е чесно да се натпреварува против транс-жена“, напишал Бери на својот Фејсбук профил.

Во последно време често се случуваат вакви откази и во боречките спортови затоа што некои жени не сакаа да се борат против транс-родни жени односно мажи.

17 ноември 2023 - 10:38