Бразил му даде 3 комада на Чиле, Анчелоти ги остри кариоките за Светско

Претпоследното коло од јужно-американските мина во знакот на фештата во Буенос Аирес каде на „Монументал“ Лионел Меси најверојатно го одигра последниот официјален домашен меч за Аргентина. Бразилците во сенка го совладаа Чиле 3-0 а Анчелоти почна да покажува дека спрема екипа која ќе го нападне пехарот на Светско 2026.

Ѕвездите на Бразил од Премиер лига блеснаа во дуелот со Чиле и му донесоа победа на селекторот Карло Анчелоти. Пектратниот светски првак славеше со головите на Лукас Пакета кој даде два и на Естевао Вилијан, тинејџерот на Челси кој го постигна дебитантскиот гол за кариоките.

Интересно Пакета влезе во игра во 71-ва минута, а после само неколку секунди постигна гол во 72-ра минута:

Конечните 3-0 ги постави Бруно Гимараеш во 76-та минута:

Чиле не се пласираше на Мундијалот а Бразилците се втори на табела на коло пред крајот. 

После натпреварот, селекторот на Бразил ја пофалил играта на целата селекција а посебно го споменал 24-годишниот фудбалер на руски Зенит Луис Енрике кој веќе има 2 гола и 2 асистенции на 7 меча во квалификациите за Бразил и веќе си осигура место за Светското 2026.

„Луис Енрике поседува исклучителен талент. Тој е многу физички јак, фантастично игра еден на еден. Тој го смени натпреварот со свежина, беше физички свеж. Фудбалер со таков талент кога е свеж а сите останати се изморени, го менува текот на игра. За репрезентација е многу важно да има таков играч“, рекол селекторот на Бразил Карло Анчелоти.

Трофејниот италијански стратег седна на клупата на Бразил на 26-ти мај 2025-та. Дебитираше веќе на 5-ти јуни во ремито 0-0 против Еквадор во квалификациите. Неговата прва победа дојде само неколку дена подоцна на 10-ти јуни 1-0 против Парагвај и сега славеше 3-0 против Чиле.

На 3 меча има 2 победи и 1 нерешена а Бразил нема пораз на последните 9 меча.

5 септември 2025 - 10:30