Во јануари 2015, клубот од третата дивизија Брадфорд го прегази Челси на „Стемфорд Бриџ“ со 2:4 и го исфрли елитниот клуб од ФА Купот. Тоа беше сензација на годината во Велика Британија.
Додека навивачите на клубот од Јоркшир лајкаа фотографии на кои се ракуваат тренерот на Брадфорд Фил Паркинсон и Жозе Мурињо, со наслов „Најдобриот тренер на светот.. И таму некој човек од Португалија“, управата сфатила колку пари нема да земе поради тоа што BBC и BT Sport не го пренесувале мечот.
Испаѓањето на Челси не ги израдувал телевизиите. Турнирот престанал да биде интересен за милиони навивачи на Челси - но правите проблеми за Брадфорд почнале подоцна. Во петтата рунда Брадфорд скрши уште една екипа од Премиер, Сандерленд со 2-0.
Ниту овој меч не бил пренесуван во живо ниту пак имало снимка, па гледачите на „Вели Парад“ загрмеа: Are you watching, Are you watching BBC? (Гледате ли БиБиСи)? Во истата вечер кога „кокошките“ од Јоркшир ги победија „црните мачки“ од Сандерленд, најголемиот телевизиски канал ги пренесувал дуелите Блекбурн - Стоук и Манчестер Јунајтед - Престон. Брадфорд не им бил интересен.
Некои таблоиди на насловна страна извадија фотографија со играчите на сензационалниот аутсајдер со иронично прашање „Ги гледавте ли на БиБиСи“? После две години Брадфорд сега одново му пркоси на модерниот фудбал кој се тушира во гламур и милијарди фунти.
Во интервју за The Times, сопственикот на клубот Един Рахиќ изјавил: „Секако, играње во Премиер лига е наш сон и ако се најдеме таму, картата ќе чини само 1 фунта“.
Искрено, да се навива за Брадфорд и не е така лоша идеја. Сезонскиот билет (23 меча) им чини 149 фунти. Во годишниот извештај Price of Football од BBC (А нам тој ни е интересен колку и податокот колку чаши е должен да продаде Манчестер да ги вратите парите од Погба), за жителите на Западен Јоркшир станал среќна вест.
Просечна цена на сезонска карта во Премиер лигата е 480 фунти, во Чемпионшип 322 фунти, а во Лига 1 каде што игра Брадфорд просекот е 283 фунти. Оттаму е јасно зошто преполниот стадион на Брадфорд може да си го приушти традиционалниот фудбалски оброк Fries&Chips кој чини 3.20 фунти.
Един Рахиќ се води како Германец со Босанско потекло. Во минатото бил финансов директор на гигантот од светот на бела техника Bosсh, а во Јоркшир стигнал минатата есен.
Во пар со Штефан Рап, неговиот ортак од Германија го купиле Брадфорд и станале први германски сопственици во англискиот фудбал.
Брадфорд многу се разликува од она што бил на почетокот на новиот милениум. Играчите тогаш морале да одат на тренинг спремни во опрема затоа што соблекувалните не биле функционални, а Бенито Карбоне добил договор на црно. Не треба да се заборави ниту трагедијата од 1985 година кога страшна огнена стихија на стадионот одзема 56 животи.
Но денес тие работи ги нема.
Рахиќ кој во младоста бил надежно лево крило а после повредата станал скаут на Штутгарт, минатата есен го преселил целото семејство во Јоркшир и започнал ново поглавје. Во низата состаноци со локалните фанови тој ги споделил своите планови и признал дека да го купи Брадфорд го убедил некој страстен навивач на клубот од Холандија.
Според Рахиќ, математиката е проста: Подобро 20.000 навивачи да купат сезонска карта за 149 фунти, отколку 15.000 да мора да дадат 199 фунти.
Формално иста заработка, но поголема шанса дека на стадионот ќе се продаде повеќе пиво, фастфуд, сувенири и дресови.
„Одлучивме да не ја менуваме цената. Што повеќе луѓе тоа подобро. Сезонските карти треба да бидат достапни за сите. Кога ќе отидете да гледате друг меч и ќе видите таму 3-4.000 фанови тоа е несериозно“, вели Рахиќ кој полека станува хит во англискиот фудбал.
„Еднаш отидов на натпревар од Премиер лига во Манчестер и атмосферата ме потсети на театар. Брадфорд е град на работничка класа како и нашиот клуб. Сакаме да ги охрабриме тие луѓе. Нас може да не сметаат за аутсајдери, но спремни сме да се бориме со големите екипи. Затоа е нужно да имаме поддршка од 18-20.000 навивач“, вели германскиот бизнисмен.
Денес Брадфорд е во зоната на плејоф во третата лига по хиерархија (League 1) и Рахиќ мечтае за пласман во Чемпионшип.
Вели дека е шокиран од цената на билети која што ја „лупаат“ англиските клубови: „Ние зборуваме за лига во која секоја екипа добива по 100 милиони фунти од тв-права и срамота е да бараат уште повеќе за гледање натпревар. Може да платите добри ѕвезди, но никој не е должен да плаќа тројно поголема цена за карта“, додава Рахиќ.
Германецот со босанско потекло ветува дека во случај неговиот Брадфорд еден ден да влезе во Премиер лига, картите ќе чинат само 1 фунта, затоа што во однос на големата финансиска инфузија од ТВ-правата, заработката од продадени влезници ќе биде ниска. „Зошто да не им биде пријатно на навивачите? Сакам да ја имам најдобрата атмосфера во Англија“.
Во меѓувреме, за Един било важно на стадионот „Вели Парад“ да ги донесе и претставницие на емигрантските заедници кои ги има многу во Брадфорд. Рахиќ го нарекува градот место каде никој не гледа каква е бојата на вашата, но дека во моментов не гледа мултинационален микс на трибините.
Един се сеќава на случајот кога во еден парк неговите деца играле со децата на азиски мигранти. Додека дал еден гол, Рахиќ викнал: „Напред Брадфорд, одиме!“, а тие му одговориле: „Не Брадфорд, каков Брадфорд, ние навиваме за Арсенал и Манчестер Сити“.
Маркетинг службата на клубот има разни акции - од доделување бесплатни карти и бесплатни патувања, така што Рахиќ е уверен дека за 2-3 години толпата на стадионот ќе ја одразува етничката разновидност на улиците.
Стадионот на кој Брадфорд не загуби цела година и стадион на кој една карта чини колку и еден традиционален сендвич.