Поранешниот македонски репрезентативец Бобан Бабунски во интервју за српскиот весник „Спортски журнал“, зборува на повеќе теми.
Една од нив е преговорите со Динамо Загреб, договорениот трансфер во Партизан кој не се случил поради тоа што челниците на белградскиот тим не го испочитувале договореното.
Но се чини најболна точка во кариерата му е Чиле 1987, светската фудбалска бајка на Југославија за која се сними филм и во кој требаше да биде и тој.
25 октомври 1987-ма остана во аналите на југословенскиот спорт и во таа незаборавна приказна само Македонија не може да се пофали дека имала свој претставник. Причината биле Андон Дончевски и ФК Вардар.
„Бев подготвен да одам, имав виза и го чекав мојот лет. Сепак, Вардар го блокираше моето заминување. Тоа беше одлука на тренерот. Гледајќи од денешна перспектива можам да кажам дека научив одредена лекција од тоа. Се прашувам што би променил денес ако тоа не се случеше. Веројатно би инсистирал на челниците на Вардар и тренерот, да ги убедам дека е голема работа и за клубот и за мене да патуваме во Чиле. Сите изгубивме. Да отидев, ќе бев единствениот претставник на македонскиот фудбал на вакво големо натпреварување. Вардар не ме пушти поради одредени интереси, поради меѓународен клупски натпревар. Од оваа перспектива го гледам како лекција и за клубот и за мене. Сепак, изградив одлична кариера“ вели Бабунски за „Спортски журнал“.
На тоа Светско за играчи до 20 години Југославија била целосно потценета и отпатувала во Чиле со само еден новинар, кој мислел дека ќе оди на шетање, а тој глава не можел да крене од работа.
Бобан, Шукер, Јарни, Просинечки, Штимац, Мијатовиќ, Михајловиќ, Брновиќ и останатите златни деца на селекторот Мирко Јозиќ го завршиле Мундијалот непобедливи.
Во групна фаза ги декласирале сите со по 4 парчиња (Чиле 4:2, Австралија 4:0 и Того 4:1). Во четврт и полуфиналето со идентични 2:1 ги елиминирале гигантите Бразил и Источна Германија, а во финале ја урнале Западна Германија на пенали 5:4.
Зборуваме за време во кое Аргентина го имаше Марадона, Холандија се гордееше со Ван Бастен, Бразил со Бебето, Германците со Матијас Замер, Андреас Милер, а Бугарија со Христо Стоичков и Емил Костадинов кои потоа на СП 1994 го запишаа историското четврто место.
За најдобар играч на тоа Светско беше прогласен Роберт Просинечки, а втор стрелец беше Давор Шукер со 6 погодоци.
„Чиле беше отскочна даска во нашите кариери. Во цел свет почна да се пишува дека таму на југ живеат некои деца кои играат многу добар фудбал. Васовиќ прво се бунеше затоа што не ми дозволија да се вратам за мечот со Бриж, но и тој брзо се предомисли. Впрочем тој ја предводеше делегацијата на Црвена Ѕвезда која не пречека на аеродром по враќањето од СП. Пикси ми подаде букет цвеќе, се сликавме со трофејот што го добив за најдобар играч на турнирот. Сè се смени по Чиле. Почнаа и клубовите другачије да не гледаат“, рече Просинечки го последното гостување.