Голеадата во Загреб беше дел од рамките на четвртфиналниот куп натпревар на кој Хајдук ја елиминираше Локомотива на гости.
Спектаклот на Јани Атанасов почна во 51 минува кога во една контра напад, постигна импресивен гол со лоб удар и тоа во трк од многу тежок агол.
15 минути подоцна нова бравура на Јани овој пат од 30 метри, во стилот на врвните играчи од среден ред.
Инаку хрватските медиуми беа воодушевени од мајсториите на Атанасов, посебно од првиот.
Ги прослави емотивно, со солзи и поглед во небото, бидејќи беа со посвета за починат другар.
За потсетување, Јани Атанасов, роден 1999-та, потекнува од школата на Академија Пандев. По дебито во првата македонска лига, во 2018-та се пресели во Бурсаспорт, од каде две години подоцна направи трансфер во Хајдук.
Дебито за македонската репрезентација го имаше пред 20 дена против Ерменија, откако влезе во 83-та минута на местото на Елмас.
За Македонија У-21 има 18 настапи и 6 гола.