Според шпанскиот весник Plaza Deportiva, издавачката куќа се пожалила во OHIM, здружението за регистрација на заштитни знакови во Европската Унија. Валенсија е основана во 1919. година а логото со лилјакот го има уште од тогаш, а од клубот велат дека грбот датира уште од 15. век кога шпанските воини го имале на униформите.
Спорно е новото лого на Валенсија, на кое лилјакот, за разлика од досегашниот е прикажан со крилата кренати нагоре, што според Американците многу наликува на нивниот знак.
Ликот на Бетмен во стрип за прв пат се појави во 1939. година, дури 20 години откако Валенсија постои како клуб, така што не се знае на кој начин адвокатите на компанијата ќе докажат дека се во право. Лилјакот се смета за симбол и чувар на градот Валенсија и од таа причина спортското друштво се одлучило да го стави на својот грб.
A улогата на Бетмен е секогаш да победи правата странa.