Барселона веќе неколку години минува низ сериозни проблеми, особено на финансиски план и организационо. Доказ за тоа е што летово за најскапото засилување Дани Олмо, на Ред Бул Лајпциг му платија 60 милиони евра (6-годишен договор, ќе носи број 20), а да притоа не знаат дека нема да можат да го регистрираат.
После 2 одиграни кола во шпанска Ла Лига, Дани Олмо нема ниту една минута фудбал а требаше да биде ударна игла во нападот на Барселона.
За да конечно клубот од „Камп Ноу“ го регистрира, требаше да: замине Гундоган, да го позајмат 30-милиони платениот Бразилец Виктор Роке, да го продадат Фаје, да го позајмат Ленгле во Атлетико Мадрид и пред сè да искористат празен простор по повредата на стоперот Кристенсен.
Андреас Кристенсен се повредил пред неколку дена и ќе отсуствува без малку 2 месеци. На негово место на списокот регистрирани играчи ќе влета Дани Олмо.
Правилникот во шпанскиот фудбал дозволува да се замени повреден играч само во случај ако го очекува пауза од најмалку 4 месеци.
Барселона ќе може да искористи 80% од просторот за ограничена плата кој го завзема стоперот Кристенсен. Ова ќе им биде доволно да го стават Олмо во составот но тоа е засега привремено, законски регулирано до 31. декември. Дани Олмо најверојатно ќе игра вечерва против Рајо Ваљекано на гости од 21:30.