Барди го матираше Облак, Македонија се враќа непоразена од Љубљана

По триумфот над Летонија од 3:1, македонската фудбалска репрезентација одигра нерешено на гостувањето против Словенија со што стигнува до солидни 4 бода по првите две кола во квалификациите за ЕП 2020. Словенија - Македонија конечни 1:1.

Македонија се враќа со важен бод од гостувањето во Словенија и сега е на делба на втората и третата позиција со Израел кој денеска ја декласираше Австрија со 4:2. Полска е прва со две од две.

Момците на Игор Ангеловски одиграа рамноправен натпревар против Словенија, а имаа и неколку шанси преку Пандев, Барди и Елмас кои можеа да соберат и полн плен.

За разлика од првиот меч со Летонија, македонскиот селектор направи две измени во однос на составот. На местото на повредениот Хасани во прв состав го стави Елмас, а на сметка на Трајковски ја засили одбраната со Егзон Бејтулаи.

Домаќините го отворија резултатот преку Зајц кој доби еден воздушен дуел и со глава го совлада Димитриевски. Пандев и Барди имаа шанса да возвратат уште во прво полувреме, но откако ги пропуштија , фудбалерот на Леванте на асистенција на Алиоски уште на стартот на второ полувреме го израмни резултатот.

1:0 Зајц (34 минута)

1:1 Барди (47 минута)

Шансата на Пандев кој имаше можност да израмни уште во првиот дел.

Неколку минути подоцна во последните мигови од првиот дел уште позрела шанса имаше Барди.

Табела:

1. Полска 6
2. Израел 4
3. Македонија 4
4. Словенија 2
5. Австрија 0
6. Летонија 0

Следните два сериозни тестови ќе ги имаме во месец јуни кога играме два меча на домашен терен. На 7-ми ја пречекуваме Полска, а на 10-ти Австрија.

24 март 2019 - 22:40