Јуве имаше одличен старт на сезоната но синоќа гостуваше кај Сасуоло и претрпе тежок пораз од 4-2, резултат незамислив во време на шампионскиот Јувентус за кого ваквите гостувања беа екскурзија. Бјанконерите имаа активен резултат до 82' минута кога прво Пинамонти му донесе на Сасуоло 3-2 и во 90+5' минута кога стоперот Гати си постигна многу смешен автогол.