АРСЕНАЛ - БОРУСИЈА ДОРТМУНД 20:45
- По 3 месеци пауза поради повреда, Оливие Жиру се врати на терен, но Арсенал не го регистрирал за оваа фаза затоа што мислеле дека нема да се опорави толку брзо, по што Французинот ќе мора да ја чека следната рунда;
- На табелата Дортмунд има 12 бода, Арсенал 7, по што на „тобџиите“ им треба само уште еден бод за да обезбеди понатамошен пласман;
- На претходните 4 меѓусебни дуели, двете екипи имаат по 2 победи. Последниот натпревар пред 2 месеци го доби Дортмунд 2:0 на домашен терен. Минатата година, Арсенал славеше 0:1 во Германија а Дортмунд 1:2 на Емирати;
- Против германски клубови, на домашен терен Арсенал има 9 победи, 1 нерешена и 5 порази. Вкупниот учинок против Германците на тимот од Лондон е 14 победи, 6 нерешени и 11 порази;
- Дортмунд ја игра 10. сезона во групната фаза од ЛШ, а годинава дадоа 11 голови а примија само еден и трет пат по ред ќе играат во нокаут фазата;
- Томаш Росицки играше во Дортмунд од 2000. до 2006. година и на 149 средби во Бундес лигата за „милионерите“ даде 19 голови;
- Со поразот од Манчестер Јунајтед, Арсенал ја заврши серијата од 23 натпревари без пораз на домашен терен, која траеше од почетокот на минатата сезона кога загубија од Астон Вила;
- Арсенал го има најлошиот старт на сезоната во Премиер лигата и по 12 средби собра само 17 бодови;
Можни состави:
Арсенал: Мартинез, Чемберс, Кошелни, Мертезакер, Гибс, Артета, Рамзи, Окслејд-Чембрлејн, Алексис Санчез, Казорла, Велбек.
повредени: Озил, Дебуши, Оспина, Шчешни, Волкот, Вилшер, Диаби.
Дортмунд: Вајденфелер, Пишчек, Гинтер, Суботиќ, Дурм, Кел, Гиндоган, Гроскројц, Кагава, Михтарјан, Обамејанг.
повредени: Папастатопулос, Бендер, Ројс, Хумелс, Кирх, Шахин, Блажчиковски.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 5 КОЛО
Група А: Атлетико Мадрид - Олимпијакос, Малме - Јувентус
Група Б: Базел - Реал Мадрид, Лудогорец Разград - Ливерпул
Група Ц: Зенит Петерсбург - Бенфика, Баер Леверкузен - Монако
Група Д: Андерлехт - Галатасарај, Арсенал - Борусија Дортмунд