Аргентина до Русија едвај стаса, со многу тешки маки и тоа во последно коло со гостински триумф над Еквадор, кој математички беше без шанси за пласман.
Квалификациите за нив беа мачни и влегуваа од кикс во кикс со далеку послаби и помоќни репрезентации од нив.
Не успеаа да победат една Венецуела која заврши на дното на табелата. На две средби со нив освоија два бода. Загубија и од Боливија на гости која беше претпоследна и единствена селекција која постигна помалку голови од нив.
Дома киксираа со Еквадор 0:2, третата селекција на табела гледајќи од долу нагоре, како и со Парагвај. Пласманот на Мундијалот го заверија на реваншот со нив, а за трите бода потребни за пласман се погрижи Меси со хет-трик.
Во последното коло работите толку беа замрсени што за три места се бореа пет репрезентации, а на крај покрај Аргентина се радуваа и Перу и Колумбија.
Но Аргентина во квалификацискиот циклус барем превеше шанси како во претпоследното коло со Перу (0:0), кога имаа 13 удари од кои 7 во рамки на гол.
Сега се безлични, безидејни, играат бавно и немаат никаква креација во среден ред, а спорен е и изборот на селекторот Сампаоли. Тој изостави од списокот Икарди, им даде мала минутажа на Дибала и Игуаин само на вториот меч и го стави резервниот голман на Челси кој изеде многу критики.
Се доведоа во ситуација да се молат денеска да не победи една островска земја од 330.000 жители која е дебитант на Светски првенства.
Со исклучок на нападот, оваа Аргентина го носи само името, но не и квалитетот. Во квалификациите имаа само 7 победи на 18 средби и бедни 19 постигнати гола, исто колку последнопласираната Венецуела и двојно помалку од Бразил.