НА ПОЧЕТОК ПРЕДИЗВИКУВАЛА ХАОС НА АВТОПАТ ЗОШТО ВОЗАЧИТЕ НЕ МОЖЕЛЕ ДА ТРГНАТ ПОГЛЕД ОД НЕА
„Алијанц Арена“ често ја нарекуваат и „гумен чамец на дување“ поради 2.760 надувани воздушни секции од кои се состои самата фасада на стадионот. На почеток овие воздушни секции можеа да светат во три бои: црвена кога игра Баерн Минхен, сина кога ига Минхен 1860 и бела кога игра репрезентацијата на Германија.
На екскурзија низ стадионот водачите раскажувале дека за време на тестирањето на воздушните секции, често пати имало хаварии на самиот автопат кој минува покрај стадионот. Алијанц Арена се наоѓа во непосредна близина на стадионот па возачите често гледале во прекрасната арена.
Од Светско 2006 стадионот многу се сменил и станал уште поинтересен. На 10 години од своето отворање веќе стана ново светско чудо - стана прв стадион во Германија и најголем стадион во Европа чија фасада е силно осветлена од динамичен светлосен дисплеј.
За тоа се погрижил гигантот Philips. Наместо три бои спектарот се раширил на дури 16 милиони кои дозолуваат да се создаде осветлување со најразни комбинации на бои.
Осветлени се дури 26.000 квадратни метри од стадионот па навечер во јасните ноќи арената може да се види дури и од австриските Алпи на повеќе од 75 километри далечина.
Австриските алпинисти неколку пати успеале да ја уловат светлината од „Алијанц Арена“. За такво осветлување потрошен бил околу 45 тони материјал, повеќе од 300.000 ЛЕД диоди и околу 6.500 сијалици од Philips.
Новото осветлување е на 60% енергетски поефикасно. На годишно ниво се штеди околу 10.000 киловати електрична енергија а изворот на C02 е скратен за 362 тони.
Во 2022-ра година за време на енергетската криза Баерн Минхен решил да го намали осветлувањето на стадионот. Претходно „Алијанц Арена“ светела шест часа а сега два или три.
ЧЕСТО ГО МЕНУВА ОБЛИКОТ
Системот е така напавен што може да се прикаже каква било порака или слика на фасадата зошто системот е целосно дигитализриан. Баерн Минхен така ги претставува новите дресови, пречекува нови играчи, тренери или се простува од легенди на клубот.
Пример кога почина најголемата легенда на германскиот фудбал Франц Бекенбауер, на стадионот беше испишан последниот поздрав: Благодариме Франц:
Кога Германија игра на големи Светски или Европски првенства, стадионот се осветлува во боите на германското знаме.
Периодично се осветлуваат и други знамиња или поради други поводи.
Пример еднаш се осветлил зелен во чест на Денот на Свети Патрик.
Или виолетов во чест на Меѓународниот ден на луѓе со ограничени можности.
Светлосниот систем совршено работи и внатре во стадионот. На пример има црвена линија која пулсира во црвено-бела боја после секој гол на Баерн Минхен.
Европското првенство 2024 вечерва од 21:00 часот на овој величествен стадион ќе го отворат Германија и Шкотска, а стадионот веќе неколку дена навечер свети во боите на германското знаме и Евро 2024.
**********************************************************************