Замешан и Берлускони

Rai ќе ја пренесува Јуве - Торино без коментатори поради штрајк

Н 3. јануари во Купот ќе се игра големото торинско дерби. Ќе го пренесува култниот канал Rai Sport а во преносот нема да има коментатори, јавувања од терен и дебата во студио.

Ова не е потрага по нови формати или ефект на нуркање под вода. Rai Sport за првпат во историјата ја изгуби борбата за права на пренос на Светско првенство и 120 новинари од овој канал стапиле во штрајк. Ќе трае само три дена но ќе почне од 3. јануари.

ШТО СЕ СЛУЧИЛО?

Основната причина поради која Rai Sport изгубил на тендерот од приватниот канал Mediaset е буџетот на главниот канал во Италија. Од друга страна компанијата Mediaset немала сериозни финансиски проблеми за да ги откупи правата.

Но генералниот директор на Rai Марио Орфео претходно предупредил дека каналот нема да има студија зошто Италија не влегла на Светско.

Mediaset така ги откупила правата за 78 милиони евра (руските Матч Тв, државниот ВГТРК и Прва за правата платле 32 милиони евра).

Ваквиот исход ги разгневил претплатниците на Rai Sport. Државниот канал за кој Италијанците задолжително мораат да плаќаат такса од 91 евро годишно заедно со сметките за струја фактички се откажал од борбата за главниот спортски настан во следните 4 години.

После ова, новинарите на Rai објавиле соопштение во кое го нагласуваат сопствениот пораз во неправилниот однос кон сите Италијанци.

„Ова е сериозен и неприфатлив факт како од аспект на репутација (такво нешто не се случило ниеднаш во историјата на каналот), така и во односот кон сите граѓани. Професионалниот сојуз на новинарите на Rai неколку пати бараше и доби откажување од преговорите за Светско првенство и други спортски настани кои секогаш ги пренесувал нашиот канал (Moto GP, F1, ЕП кошарка). Ние секогаш ги имавме правата на тие турнири во интерес на нашите претплатници кои плаќаат за права и треба да гледаат големи турнири на државниот канал“, стои во соопштението.

КАКВА Е ВРСКАТА НА БЕРЛУСКОНИ ТУКА?

Силвио Берлускони е човекот кој го победил Rai. Mediaset е негова компанија. Легенарниот „Берлуска“ ја продолжува борбата со гигантот Sky за приматот во спортските медиопространства. Пред две години Mediaset ги купила ексклузивните права за Лига на шампиони за 700 милиони евра! А сега платила 78 милиони евра за 64 меча од Мундијалот 2018 во Русија.

Договорот на Mediaset за правата за Светско е 2-3 пати поскапа (точната сума зависи од пакетот), но гледачите нема да бидат принудени да доплаќаат за преносите за Светско: Компанијата ќе ги дава бесплатно за сите претплатници. Од Mediaset најавиле и дека за СП 2018 ќе направат посебен канал кој ќе се занимава само со првенството. А Италија на овој турнир не се пласираше.

Компанијата на Берлускони е првиот канал во Европка којшто преминал на формат во висока резолуција, па така сите 64 меча ќе ги пренесува во HD. Претплатниците на Mediaset Premium, ексклузивниот канал ќе ги гледаат најдобрите средби во прајм-тајм и во 4K.

Rai не само што нема да го пренесува Светското туку сега му се заканува уште еден удар - каналот може да ги изгуби и правата на трките во кои Rai Sport беше светски познат и традиционално најдобар.

За Mediaset тоа е уште еден чекор понапред во конкуренција со Sky. За Rai Sport проблемот е скоро политички, а не комерцијален. Додека Италијанците се обврзани да плаќаат такса, компанијата на финансиски план не е никако загрозена. Прашањето е како сега ќе се амортизира незадоволството на гледачите. Аргументите во полза на принудното плаќање такса за Rai се се послаби.