Абе место некое германско пиво и скара да му дадете, вие

Најголемата легенда во Вердер Бремен, бразилскиот буцко кој го имаше најдобриот мрзлив дриблинг на свет, сега дошол во овој германски град да се види со пријателите од клубот на кој сензационално му донесе шампионска титула. И му дале да проба да рогне топка преку кровот на стадионот „Везерштадион“.

Аилтон за Вердер одигра 214 натпревари, постигна 106 гола и имаше 42 асистенции со што е една од најголемите легенди на клубот со кој играше и во еврокупови.

6 јуни 2024 - 14:45